ВАРДАР ГО ДОБИ „БРАТСКОТО ДЕРБИ“ Но „Војводи“ и „Комити“ приредија заедничка фешта во Тетово (ФОТО+ВИДЕО)
Двете навивачки групи „Војводи“ и „Комити“ уште пред да почне мечот на Градскиот стадион во Тетово, направија улиците на градот да грмат од нивното кортео.
Вардар како гостин го доби „братското“ дерби во Втората лига против Тетекс со 3:0. Стрелци на головите Петковски, Керим и Дејан Блажевски.
Но, она што привлече големо внимание е заедничкото навивање на двете навивачки групи „Војводи“ и „Комити“ кои во Тетово направија заедничка фешта.
Тие уште пред да почне мечот на Градскиот стадион во Тетово, направија улиците на градот да грмат од нивното кортео.
Се пееја песни дека Тетово, Гостивар, Струга, Кичево и секој град и село се Македонија и македонски, како и навивачки песни за двата клуба.
Со оваа победа Вардар се искачи на третото место на табелата со 14 бодови, додека Тетекс со 11 е на петтото место.
Навивачката група „Комити“ со измешани емоции го напушти Тетово по денешната победа над Тетекс од 3:0 на Вардар.
Збратимени и како навивачки групи и како клубови, оние од Скопје со интересна порака:
– Радосни во победата, а истовремено тажни во поразот ! Денес во Тетово демонстриравме како цивилизирани момци се однесуваат по Тетовските улици, и како треба сериозни навивачки групи да ја демонстрираат моќта на најубав начин, со песна за своите Тетекс и Вардар…со Македонски ритам ! Без опозиција, со овации од блиските тераси, фешта, еуфорија во тактот на другарството и братството! ИДЕОЛОГИЈАТА ПРОДОЛЖУВА, БРАТСТВОТО ОСТАНУВА! – велат „Комити“.