Вардар ќе игра против Раул Гонзалез, Криштопанс, Карачиќ и Душебаев

Нашиот тим е во посилната група А, во која се уште и ПСЖ, Кјелце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест и Фленсбург.

332

Актуелниот европски шампион Вардар ги доби противниците за следната сезона од Лигата на шампионите.

Нашиот тим е во посилната група А, во која се уште и ПСЖ, Кјелце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест и Фленсбург.






Легендарниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез, за првпат како противнички тренер ќе настапи во Скопје, ќе дојде со ПСЖ кој е главен фаворит во групата, а заедно со него доаѓа и Криштопанс.

Од поранешните играчи на Вардар повторно доаѓаат Карачиќ и Душебаев, а ќе го видиме и голманот на македонската репрезентација Никола Митревски кој сега е член на Порто.

Кире Лазаров со Нант е во групата Б во која се уште и Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Мотор, Целје и Загреб.

Поврзани содржини