ВАРДАР ДОБИ НОВ ГАЗДА Најтрофејниот фудбалски клуб продаден за 32.520 евра

Со купувањето на Вардар, новиот сопственик ги презеде и долговите на „црвено-црните“ кои изнесуваат околу три милиони евра.

747

Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар има нов сопственик откако на Македонската берза беа продадени 100 акции по цена од 20.000 денари за акција, пишува Фактор.

Целата трансакција изнесува 32.520 евра, односно два милони денари.






Познато е дека компанијата „Блу Скај инвесмент“ претходно се согаси во целост да го преземе постојниот договор, со сите услови што Град Скопје ги има склучено со поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар.

Продавач на акциите е РК Вардар чиј сопственик е рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Со купувањето на Вардар, новиот сопственик ги презеде и долговите на „црвено-црните“ кои изнесуваат околу три милиони евра.

Поврзани содржини