Вардар ја освои 14-та титула во првенството на Македонија

Сезоната 2020/21 ракометарите на Вардар ја комплетираа со двојна круна, триумфирајќи претходно и во Македонскиот куп

258

Ракометарите на Вардар ја освоија 14 шампионска титула во домашниот шампионат откако во последното коло во Суперлигата со 39:27 го совладаа Металург.

Сезоната 2020/21 ракометарите на Вардар ја комплетираа со двојна круна, триумфирајќи претходно и во Македонскиот куп






Клучниот натпревар кој му ја донесе титулата на Вардар беше дербито со Е. Пелистер во Скопје 35:27, додека вториот меч во Битола заврши 29:25 со што на „црвено-црните“ поради подобриот меѓусебен скор им беше потребно само до крајот да победат на сите натпревари, тоа го сторија и на крајот ја освоија 14 шампионска титула.

Поврзани содржини