Вардар 1961 го комплетираше ростерот со Југуриновски и Јотиќ
Македонскиот првак по заминувањето на дел од играчите, создаде солиден состав, кој ќе се обиде да котира високо во Европа
РК Вардар 1961 го комплетираше ростерот за наредната сезона откако денеска договор со „црвено-црните“ потпишаа Томислав Југуриновски и Ловро Јотиќ.
Јагурановски се враќа во тимот од „Јане Сандански“ каде ќе остане во наредните две сезони и ќе биде одлично засилување на деснакта бековска позиција. Тој е „дете“ на Вардар кој играше за Металург.
Ловро Јотиќ минатата сезона го носеше дресот на Еурофарм Пелистер. Тој имаше договорен трансфер во Бенфика, но поради финансиската криза беше ослододен од португалскиот клуб.
Македонскиот првак по заминувањето на дел од играчите, создаде солиден состав, кој ќе се обиде да котира високо во Европа, сигурно дека нема да ја имаа таа силина од претходно, но РК Вардар 1961 сигурно ќе има што да каже на европска сцена.