Кандидатката за претседател на државата, професорката Билјана Ванковска од партијата Левица, во приватниот живот е мајка на три ќерки. Има и внук и внука, која неодамна се родила, раскажа во емисијата„Стадион“ на Канал 77.
– На моите деца им велев: „Одбере го она што го сакате – бракот може да се растури, но професијата ве следи цел живот, од неа вадите езгизстениција и треба да ја сакате“. Не сум влијаела врз нив, ниту сум им дишела во врат, ниту ми било важно дали ќе имаат петки. Во една прилика малата ќерка ме праша дали да одбере лукративна професија што не ја сака или некоја што ја сака и не ѝ носи пари – повеќето родители ќе одоговарат да одбере професија што носи пари. Но ѝ реков – работата, професијата ќе те следи цел живот и треба одбереш нешто што сакаш – рече Ванковска.
Најстарата ќерка на Ванковска е професор по биохемија во Отава, средната е доктор по неролологија на Мекгил во Монтреал, Канада, додека најмладата избрала социјална психологија на универзитетот Утрехт во Холандија.
Ванковска во емисијата рече дека живее со партнер, кој како и неа е човек од науката.