ВАНКОВСКА И СТЕВО ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ, ГОРДАНА ВО ПРИЛЕП Дванаесетти ден од претседателската кампања
Претседателските кандидати продолжуваат да ги промовираат платформите пред граѓаните.
Дванаесетти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на средби со жителите на Сарај (16:00), Чаир (17:30), Ѓорче Петров (18:30) и во Гази Баба, на централен митинг (20:00).
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Кривогаштани (17:00), Крушево (18:30), Прилеп ( 20:30).
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Скопје (на три локации I пункт – 2 штанда на аголот спроти ресторан Пелистер и кафе Правда, II пункт – штанд пред влезот на ГТЦ веднаш до скалите,III штанд на кеј на Вардар кај бродовите/12:00, изјава на денот, Максим Димитреивски, кандидат за Претседател на Македонија,линк на fb страната на Maksim Dimitrievski/13:00), во Гостивар (линк на fb страната на Maksim Dimitrievski, Амфитеатар на кеј на реката Вардар/19:00, обраќање на Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски/19:20, средби со граѓани низ центарот на Гостивар/20:00).
Претседателскиот кандидат на левица, професорката Билјана Ванковска својата кампања ја продолжува со средби со граѓани во општина Центар. Средбите ќе бидат на Зелено пазарче во 13:30 часот. Од 15:00 часот Ванковска ќе има средби со граѓани во Кисела Вода на Стара рампа.