Вангелов: Проблемот со Бугарија настана кога колегите одбија да ја користат придавката македонски

Дискусиите се ограничени на тие теми, и од тоа не се излегува. Придавката македонски се однесува само за записниците од состаноците, рече членот на Комисијата за историски прашања во гостувањето на ТВ24.

977

Огнен Вангелов член на Комисијата за историски и образовни прашања во „24 анализа“ на ТВ24 рече дека работата на Комисијата е тимска и средбите се однесуваат на точки околу учебниците по историја и за предлози на бугарската страна што треба да има во тие учебници.

– Дискусиите се ограничени на тие теми, и од тоа не се излегува. Придавката македонски се однесува само за записниците од состаноците. Досега се остварени 11 состаноци и проблемот се појавил по шестиот состанок кога колегите од Бугарија одбивале во нивната верзија да ја користат придавката македонски во врска со идентитетските одредници, повикувајќи се на Преспанскиот договор кој ја ограничува употребата придавката македонски за овие категории – рече Вангелов.

Поврзани содржини