Поранешниот директор на финансиската полиција објави дека е во врска со манекенката Дунавка Трифуновска. Среќната двојка ужива на одмор во Турција.
„Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно. После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа. Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија. За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа, пишува Цветанов на Фејсбук.