ВАНДАЛИЗИРАНА Е ЦРКВАТА СВЕТИ АТАНАСИЈ НА ТЕТОВСКОТО КАЛЕ Некој ги искршил сите прозорци и нанел сериозна штета
Овој упад следува откако пред нешто повеќе од една недела, непознати сторители поставиле знаме на Албанија на куполата на црквата и знаме на ОНА на бандера на влезот на Калето.
Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ соопшти дека утрово пријавила во полиција упад во манастирскиот имот „Свети Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот е оштетена црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.
„Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност“, соопшти Тетовско-гостиварската епархија.
Овој упад следува откако пред нешто повеќе од една недела, непознати сторители поставиле знаме на Албанија на куполата на црквата и знаме на ОНА на бандера на влезот на Калето.
На крајот на ноември лани во Тетовско, на Попова Шапка се случил сличен инцидент. Тогаш две маскирани лица го симнале знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од јарболот во дворот на манастирскиот комплекс „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка и на негово место го поставиле знамето на Албанија.