ВАНЧО МИХАЈЛОВ БЕШЕ СИНОНИМ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА Георгиевски вели лагите ги измислиле бугарските комунисти

Поранешниот премиер посочи дека прв креатор на договорот за соработка со соседна Бугарија бил претседателот Борис Трајковски, во времето кога бил заменик министер за надворешни работи.

2,858

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека ВМРО е име кое прво Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставиле на меѓународната сцена.

– ВМРО е име кое прво Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставуваат на меѓународната сцена. Во времето на Гоце, на Даме, во времето на тие историски личности тоа е БМРО, ТМРО, значи внатрешно-македонска… но никогаш само ВМРО. Самото име е име на Тодор Александров и Ванчо Михајлов – посочи Георгиевски.






Тој истакна дека додека растел, Ванчо Михајлов бил синоним за самостојна и независна Македонија.

– Ние кога прифативме да го крстиме во Кичево – 10-ти Конгрес, значи ние прифативме свесно три конгреса на ВМРО на Ванчо Михајлов 24-та/25-та, 28-ма и 32-ра година. И сега јас не знам што не им е јасно на ВМРО-ДПМНЕ денешно, таа одлука не ни падна од небо – вели Георгиевски.

Тој рече дека сите лаги во македонската историографија се измислени од бугарските комунисти во борбата против Ванчо Михајлов.

– Мене ми е жал што во македонската историографија некои работи или едноставно немаме интерес или не сакаме да ги читаме. Сите тие лаги се измислени од бугарските комунисти во борбата против Ванчо Михајлов – вели Георгиевски.

Поранешниот премиер посочи дека прв креатор на договорот за соработка со соседна Бугарија бил претседателот Борис Трајковски, во времето кога бил заменик министер за надворешни работи.

– И тој ја доби таа задача да преговара. И го правеше тоа со волја – рече Георгиевски.
Поврзани содржини