ВАЛКАНОТО ГОРИВО Е ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌАТА? Нуркачите ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор

„Црната кутија“ ќе биде анализирана и институцијата ќе испита дали валканото гориво имало улога во губењето на моќта на бродот како дел од истрагата за несреќата, изјави Хоменди за Си-Ен-Ен. 

722

Нуркачи од Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што вчера рано изутрината удри во мостот „Френсис Скот Ки“, изјави претседателот на НТСБ, Џенифер Хоменди.

„Црната кутија“ ќе биде анализирана и институцијата ќе испита дали валканото гориво имало улога во губењето на моќта на бродот како дел од истрагата за несреќата, изјави Хоменди за Си-Ен-Ен.

Поврзани содржини