📷 📽️ ВАЛЕНСИЈА СО ХУМОРИСТИЧЕН СКЕЧ ГО ПРЕТСТАВИ СТОЛЕ Официјално Димитриевски е нов играч на „лилјаците“
Клубот од „Месталја“ веќе со неколку објави на своите социјални мрежи го потврди трансферот и извести дека договорот е потпишан на две години.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и официјално е нов голман на Валенсија, а шпанскиот прволигаш одлучи да го претстави на интересен начин.
Имено, Валенсија објави хумористичен скеч во кој се појавува Димитриевски како „нов голман во канцеларијата“.
☕ New goalie in the office!#VCFDNA pic.twitter.com/PpimZUspjd
— Valencia CF (@valenciacf_en) June 12, 2024
Клубот од „Месталја“ веќе со неколку објави на своите социјални мрежи го потврди трансферот и извести дека договорот е потпишан на две години, значи Македонецот и еден од најдобрите голмани во Ла Лига ќе биде дел од Валенсија најмалку до 2026 година.
Последно е што од Валенсија објавија е дека еден од раководството на клубот му дава дрес на Столе и му посакува добредојде.