Кандидатот Валбон Лимани од Национална Алијанса за интеграција победи во општина Гостивар.
Според ДИК, со преброени 96,69% од гласовите во Гостивар, Лимани освоил 15.019 гласови.
Неговиот противник од Вреди, Невзат Бејта, има добиено 7.426 гласови.
Единствениот кандидат за градоначалник на Општина Центар Жупа Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) освои 973 гласа од вкупно запишани 7.562 гласачи. На повторените избори во Центра Жупа гласале 1.003 гласачи.