📽️ ВАКВИ „РОЛНИ“ ОБЛАЦИ ВО ПОРТУГАЛИЈА НИКОГАШ НЕМАЛО Топлотниот бран донесе поплави низ Европа

Облаците „во ролна“, иако визуелно драматични, не се поврзани со земјотреси или со цунами, но сепак може да донесат засилен ветар на брегот.

1,132

Во неделата на неколку плажи долж централниот дел на Португалија се појавиле ретки облаци наречени „roll clouds“ или облаци  „volutus“, јави Португалскиот Институт за Море и Атмосфера. Се чини дека несекојдневните летни температури низ Европа, кои наместа достигнаа и до 42 степени, го предизвикаа овој феномен.

Облаците се појавиле напладне поради контрастот помеѓу топлиот копнен воздух и посвежиот морски ветер. Облакот, налик на ролна, се движел хоризонтално, носејќи силен ветер што ги изненадил сончарите долж брегот меѓу Пениќе и Повоа де Варзим, јавува ПортугалЊуз.






Облаците „во ролна“, иако визуелно драматични, не се поврзани со земјотреси или со цунами, но сепак може да донесат засилен ветар на брегот.

Топлотниот бран во Португалија предизвика нестабилни атмосферски појави како поројни дождови, громови, град и силен ветер во внатрешноста на земјата.

 

Топлотниот бран во Италија донесе обилни врнежи од дожд, но и поплава и свлекување на земјиштето во е град блиску до границата со Франција. Од поплавата биле спасени десетина лица, а загина 70-годишен маж.  а однесе и еден човечки живот.

 

Низ земјата се забележани и неколку бури, но и пожари. Во Болоња, пак, починал 47-годишен маж откако му се слошило поради високите температури.

Во Франција се очекува температурите да достигнат и 41 степен Целзиусов, на неколку локации има пожари, а поради топлотниот бран, некои атракции, како Ајфеловата кула, се затворени за јавноста.

 

Поврзани содржини