Вакцините прво ќе дочекаат Нова година, па ќе тргнат од Кина

Владата денеска го врши плаќањето за дозите, а тие ќе пристигнат по 18 февруари. До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава, рече Заев.

516

Двесте илјади кинески вакцини од производителот „Синофарм“ ќе стасаат во земјава по 18 февруари откако ќе заврши кинеската Нова година, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

– Вакцините од кинеската компанија „Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година. Владата денеска го врши плаќањето за дозите, а тие ќе пристигнат по 18 февруари. До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава – рече Заев.






За вакцините од Србија за кои беше најавено дека ќе бидат донесени вчера, сѐ уште не се знае кога ќе стасаат.

Поврзани содржини