Бизарна вербална војна се случила синоќа помеѓу американската раперка Ники Минаж, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и англискиот шеф на службата, Крис Вити откако на социјалните мрежи се сподели приказната за импотенција како последица на вакцината против ковид-19.
Професорот Вити и премиерот ја искритикувале американската пејачка поради ширењето невистини и смешни теории за тоа дека вакцината против коронавирусот може да предизвика импотенција.
Но, дошло до неочекуван пресврт кога раперката неколку минути подоцна одговорила на социјалните мрежи.
Ѕвездата објавила бизарна аудиоснимка со лажен британски акцент кој го исмева премиерот Џонсон откако на конференцијата за новинари ја критикувал нејзината објава.
Имено, Џонсон рекол дека „не е толку запознаен со делата на Ники Минаж како што веројатно би требало да биде“ и ги повикал луѓето да се вакцинираат против коронавирусот, истакннувајќи ја моменталната борба против дезинформацијата за коронавирусот.
Премиерот додал дека го познава единствено Ники Канани, најдобриот британски лекар, како и дека со задоволство би го слушал него што има да каже за вакцинирањето.
Минаж јавно беше критикувана откако синоќа на Твитер рече дека нејзин роднина нема да се вакцинира бидејќи негов пријател наводно станал импотентен откако се вакцинирал, а неговата свршеница ја откажала венчавката.
И Вити и Џонсон ја критикувале Минаж откако новинар ги прашал што рекла раперката, а кога таа го погледнала видеото од нив двајца од конференцијата, повторно се огласила на Твитер.
I love him even tho I guess this was a diss? The accent ugh! Yassss boo!!!
😍😍😍😍😍😅😂🥴 https://t.co/kXdKteVc7j— Nicki Minaj (@NICKIMINAJ) September 14, 2021
„Го сакам дури иако претпоставувам дека ова беше несогласување. Акцентот, уф!“
Неколку моменти подоцна снимила аудио порака за г-динот Џонсон со комичен британски акцент, твитнувајќи: „Испрати му го ова на премиерот и кажи му дека ме лажеа. Му простувам. На никој друг. Само нему“.
Па продолжила:
„Да, здраво премиере Џонсон, тоа е Ники Минаж – ви се јавив да ви кажам дека утринава бевте неверојатен на вестите. Но, јас сум всушност Британка. Родена сум таму. Таму одев на Универзитет. Бев на Оксфорд. Одев во училиште со Маргарет Тачер. Ми кажуваше убави работи за вас. Би ви го испратила моето портфолио, со оглед на тоа дека не знаете многу за мене, јас сум голема, голема ѕвезда во САД“.
🇬🇧 🇬🇧🇬🇧🇬🇧🇬🇧🇬🇧🇬🇧 send this to the prime minister & let him know they lied on me. I forgive him. No one else. Only him. 🙃 pic.twitter.com/ZmJ2sST8Es
— Nicki Minaj (@NICKIMINAJ) September 14, 2021
ФОТО: Твитер