Вакцините од Србија нема да пристигнат денеска на Табановце
Од Кабинетот на Вучиќ дадоа слично соопштение, дека донирањето на вакцините е одложено „поради неопходност за набавка на дополнителна техничка документација, а вакцините ќе ѝ бидат предадени на Северна Македонија во наредните денови“.
Испораката на вакцини против ковид-19, кои Србија денеска требаше да ги донира на нашата земја, одложена е за неколку дена, соопштија од македонската Влада и Службата за соработка со медиуми на претседателот Вучиќ.
Од Владата, пред полноќ, соопштија дека, поради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот се одложува за друг датум следните денови.
Претходно беше најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на граничниот премин Табановце ќе му го предаде на премиерот Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија и ги донира на Македонија.
Станува збор за првата пратка од вкупно 8.000 вакцини на „Фајзер“.