Вакцините не гарантираат дека ќе можете да шетате низ Париз, Виена, Прага…
Ограничувањето е препорака на последниот Европски совет и Комисијата очекува сите земји во заедницата да го почитуваат тоа. Овие ограничувања не се однесуваат на „ограничен број земји“ или службени патувања, рече Кристијан Виганд.
Сертификатот за вакцинација не менува ништо – државјаните на трети земји нема да бидат примени во ЕУ за несуштински патувања, како што се туристички патувања. Ова го објасни портпаролот на Европската комисија (ЕК) за време на брифингот на институцијата.
– Ограничувањето е препорака на последниот Европски совет и Комисијата очекува сите земји во заедницата да го почитуваат тоа. Овие ограничувања не се однесуваат на „ограничен број земји“ или службени патувања – рече Кристијан Виганд.
Некои земји на ЕУ подготвуваат шеми за да се овозможи рестартирање на туризмот. Грција, на пример, планира да им дозволи на израелските граѓани да ја посетат земјата. Од 1 април, 10.000 Израелци со вакцина ќе можат да го посетуваат нашиот јужен сосед секоја недела.
Виганд појасни дека Брисел е свесен за овие иницијативи и предлогот на ЕК за сертификати ќе помогне да се избегне непотребна фрагментација.
– Знаеме дека постојат различни иницијативи на земјите членки да се подготват за воведување дигитални сертификати пред летната сезона, но тоа треба да се координира, со цел да се избегнат поделби и забуни меѓу патниците во ЕУ – рече Виганд.
На 17 март, Европската комисија даде предлог да се создаде т.н. дигитални зелени сертификати. Тие ќе посочат дали нивните носители биле вакцинирани, биле тестирани негативно или имаат докази за болест – како што е присуството на антитела. Целта е да се олесни патувањето.
Традиционалните туристички дестинации на ЕУ, како што се Грција и Шпанија, им нудат на граѓаните од Израел и Велика Британија да можат да влезат во заедницата со своите сертификати за вакцинација. Кипар исто така ќе прими британски туристи од 1 мај.