ВАКЦИНИРАНИТЕ СО „СИНОФАРМ“ ДА ПРИМАТ „ФАЈЗЕР“ Кинеската вакцина се покажала како најслаба во Србија

Постарите луѓе кои примиле „Синофарм“ на почетокот на вакцинацијата во Србија, итно треба повторно да се вакцинираат и да примат трета доза, советува заменик-директорот на Клиничкиот центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ.

8,314

Најслаб имунитет имаат сите оние кои се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, а најголемиот дел од населението во Србија е вакцинирано токму со оваа вакцина, рече заменик-директорот на Клиничкиот центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ.

– Кога ги споредувате вакцините, гледате дека сепак најслаб имунитет имаат луѓето што се имунизирале со „Синофарм“. За жал, оваа вакцина ја примија многу од старите луѓе во Србија и тоа е многу тажен факт. Тажен е затоа што мислам дека мора да им дадеме можност да го зајакнат имунитетот – рече Јанковиќ.






Тој вели дека постарите луѓе кои примиле „Синофарм“ на почетокот на вакцинацијата во Србија, итно треба повторно да се вакцинираат, односно да примат трета доза.

– Моја препорака е оние кои примиле „Синофарм“, особено постарите од 50 години, да ја сменат вакцината и да примат „Фајзер“ – советува Јанковиќ, пренесува Нова РС.

Поврзани содржини