Вакцинирани речиси половина милион Израелци

265

 Околу половина милион Израелци примија вакцина развиена од Фајзер против ковид-19, само девет дена од почетокот на вакцинацијата на населението, јави агенцијата ТПС.

Министерот за здравство Јули Еделштајн синоќа изјави дека повеќе од 115.000 граѓани биле вакцинирани во понеделникот, и вкупно 495.000.






За девет дена вакцинирање, Израел има повеќе вакцинирани граѓани отколку 408.990 заразени од почетокот на епидемијата во февруари.

– Не случајно сме водечка земја во светот според брзината на вакцинирање. Ние продолжуваме да го вакцинираме Израел“ – изјави тој.

Израел потпиша договори со „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“. Во следните неколку месеци се очекува да пристигнат 14 милиони дози на вакцини.

Израел влезе во блокада на целата земја во неделата вечерта, третото национално затворање поради ковид-19 за 10 месеци.

Поврзани содржини