ВАКЦИНИРАНИ, А СЕПАК, СЕ ЗАРАЗИЛЕ Бон Џови и Брајан Адамс имаат коронавирус

Музичарот требаше да настапи на тридневниот викенд за Ноќта на вештерките во Саут Бич, Флорида.

1,150

Рокерот Џон Бон Џови и канадскиот пејач Брајан Адамс мораа да откажат одвоени концерти закажани за саботата вечер поради позитивните резултати од тестот на ковид-19 и се дел од растечката група изведувачи кои се заразиле и покрај тоа што биле вакцинирани.

„џон е целосно вакциниран и се чувствува добро“, рече неговиот портпарол.






Музичарот требаше да настапи на тридневниот викенд за Ноќта на вештерките во Саут Бич, Флорида.

Публиката веќе почна да пристигнува на концертите, сите мораа да обезбедат доказ дека се негативни на тестот или дека биле вакцинирани кога беше објавено дека настапот се откажува, според 7News Мајами.

Не е прецизирано дали ќе им бидат вратени парите за купените билети.

Брајан Адамс требаше да настапи во сабота навечер во чест на Тина Тарнер која беше една од музичарите примени во Куќата на славните на рокенролот, но и тој мораше да откаже поради заразата со ковид-19.

Портпаролот за медиуми на Адамс потврди дека пејачот бил целосно вакциниран против ковид-19 и дека немал никакви симптоми.

Наместо Адамс, во последен момент скокна Кит Урбан.

Кога вакцинирањето против ковид-19 започна во пролетта благодарение на големи количини вакцина, концертите во живо продолжија по долгите месеци затворање поради пандемијата.

Пред неколку дена и пејачот Ед Ширан објави дека е позитивен на коронавирус.

Поврзани содржини