Вакцинираната Британка излегла од болница и се чувствува одлично
Се чувствувам одлично и многу ми е мило дека си одам дома за да поминам квалитетно време со своето семејство – изјавила Кинан.
Маргарет Кинан, Британката од 90 години и првата која ја прими Фајзеровата вакцина, изјавила дека се чувствува одлично откако денеска била отпуштена од болница.
Британката откако ја примила вакцината кратко е задржана во локалната болница поради проверка на срцето, пренесува Ројтерс.
Таа изјави дека денот кога ја примила вакцината е многу важен и за неа и за светот и апелирала граѓаните да се пријават за вакцинирање против ковид-19.
– Се чувствувам одлично и многу ми е мило дека си одам дома за да поминам квалитетно време со своето семејство – изјавила Кинан.