ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ, НИКОЈ НЕ СТАНАЛ ВОНЗЕМЈАНИН Германски политичар повикува на имунизација

Нацрт уредбата која германската Влада треба да ја усвои предвидува укинување на бесплатните брзи тестови во октомври. Негативен тест ќе мора да имаат сите невакцинирани ако сакаат да посетат ресторани, кафулиња, базени.

304

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц ги повика граѓаните да се вакцинираат и им порача дека досега се вакцинирани 52 милиони луѓе и дека никој од нив не станал вонземјанин.

Шолц за „Noje Osnabriker Cajtung“ изразил надеж дека многу кои до сега биле скептични, сега ќе се вакцинираат. Тој додал дека ако се вакцинирате, не ќе морате да се тестирате.






Министерот за финансии се заложил да се наплатуваат корона тестовите.

– Тестирањето во догледно време не би требало да се плаќа од буџетските средства – нагласил Шолц.

Тој истакнал дека има доволно вакцини и дека секој возрасен може да се вакцинира и дека наесен граѓаните кои нема се вакцинирани ќе мора да плаќаат за тестирање.

Нацрт уредбата која германската Влада треба да ја усвои предвидува укинување на бесплатните брзи тестови во октомври. Негативен тест ќе мора да имаат сите невакцинирани ако сакаат да посетат ресторани, кафулиња, базени.

Поврзани содржини