Вакцини немаме, ама барем песни имаме: Дац и Александар со нов хит ВИДЕО

Тие изненадија со нов кавер на светски познатата „Марина” од Роко Граната и ја обликуваа во химна за масовна вакцинација со позитивна енергија заедно со нивните пријатели и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко. Песната е веќе хит на социјалните мрежи и веќе се слуша на радио станиците.

1,650

Драган Спасов Дац и Александар Митевски имаат нов хит, наречен „Вакцина”.

Тие изненадија со нов кавер на светски познатата „Марина” од Роко Граната и ја обликуваа во химна за масовна вакцинација со позитивна енергија заедно со нивните пријатели и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко. Песната е веќе хит на социјалните мрежи и веќе се слуша на радио станиците.






Велат дека песната е составена од пораки на вибер, a видеото е снимено со телефонот на Дац. Ова е подарок за сите нивни фанови од Македонија и регионот, а тие на шега велат дека не е исклучено повторно некој државник од регионот да ја сподели и оваа песна, како што тоа го направи Бојко Борисов со „Корона Чао”.

Поврзани содржини