ВАКЦИНИ ИМА, НО НЕ И ШПРИЦОВИ На светот му се заканува огромен недостиг, недостигаат две милијарди
На глобално ниво, дадени се околу 6,8 милијарди вакцини против ковид-19, што е речиси двојно повеќе од бројот на рутински вакцини, рече Хедман, споредувајќи го со вкупниот производствен капацитет од околу 6 милијарди шприцеви за имунизација годишно.
Во 2022 година може да има недостиг од една до две милијарди шприцови потребни за давање вакцини против ковид-19, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Тоа може да влијае и на рутинските имунизации и да ја загрози безбедноста на иглите, додаде СЗО, пренесува Ројтерс.
Националните здравствени власти треба однапред да ги планираат своите потреби за да избегнат „акумулација, панично купување и слична ситуација“ забележани на почетокот на пандемијата со недостаток на лична заштитна опрема, рече експертот на СЗО, Лиза Хедман.
– Можеме да имаме глобален недостиг на шприцови за имунизација, што пак може да доведе до сериозни проблеми како што се забавување на напорите за имунизација, како и загриженост за безбедноста – рече Хедман.
Недостигот, додаде таа, може да доведе до одложување на рутинските вакцини, особено за децата, а исто така може да поттикне небезбедна повторна употреба на шприцови и игли, особено во посиромашните земји.
На глобално ниво, дадени се околу 6,8 милијарди вакцини против ковид-19, што е речиси двојно повеќе од бројот на рутински вакцини, рече Хедман, споредувајќи го со вкупниот производствен капацитет од околу 6 милијарди шприцеви за имунизација годишно.
– Тоа значи дека светот може да се соочи со недостиг од една до две милијарди шприцови следната година – рече Хедман.