Вакцини има, ама мајмуни нема!

Секогаш сме биле во состојба во која нашата продукција едвај ги задоволувала потребите за мајмуни кои се користат во истражувања, но кога се појави пандемијата на коронавирусот, тоа нè турна уште подолу - рекол д-р Скип Бом, помошник директор задолжен за ветеринарна медицина во Националниот центар за истражувања во Њу Орлеанс.

720

Глобалната трка за пронаоѓање вакцина против коронавирусот, која, барем како што тврдат експертите, би требало значително да помогне за да се стави крај на светската пандемија, довела до дефицит на мајмуни.

Како што пренесуваат американските медиуми, пред потенцијалните вакцини да почнат да ги испитуваат на луѓе, во претклиничките истражувања се истражува сигурноста и делотворноста на вакцините на мајмуни.






– Имаме недостиг на мајмуни. Секогаш сме биле во состојба во која нашата продукција едвај ги задоволувала потребите за мајмуни кои се користат во истражувања, но кога се појави пандемијата на коронавирусот, тоа нè турна уште подолу – рекол д-р Скип Бом, помошник директор задолжен за ветеринарна медицина во Националниот центар за истражувања во Њу Орлеанс.

Поврзани содржини