Вакцината против ковид-19 ќе биде готова во септември?

Велика Британија предводи во финансирањето на вакцината, а минатиот месец во Меѓународниот фонд инјектираше 210 милиони фунти.

980

Вакцината против ковид-19 би можела да биде готова во септември годинава, тврди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот Оксфорд.

Таа вели дека „80 проценти е сигурна оти ќе биде ефективна вакцината што ја развива нејзиниот тим“, пренесува „Sky News“.






– Мислам дека постои голема веројатност да успееме да изнајдеме вакцина против коронавирусот до септември. Сигурна сум 80 проценти, но тоа е само мое лично мислење – рекла Гилберт во изјава за „Times“.

Претходно, во текот на минатата година, истражувачите од Универзитетот Саутемптон соопштија дека откриле оти вирусот има „слаба заштита“, а тоа, според нив, значи дека вакцината би можела полесно и порано да се развие.

Велика Британија предводи во финансирањето на вакцината, а минатиот месец во Меѓународниот фонд инјектираше 210 милиони фунти.

Поврзани содржини