Вакцината против коронавирусот нема да биде задолжителна во Германија

Како што јавија германските медиуми, најмалку 55-65 отсто од Германците треба да бидат вакцинирани.

246

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека вакцината против коронавирус нема да биде задолжителна.

Како што јавија германските медиуми, најмалку 55-65 отсто од Германците треба да бидат вакцинирани.






Шпан рече дека Германија порачала уште шест милиони дози вакцина против грип за да спречи недостиг.

– Вкупно Германија има порачано 26 милиони дози – рече Шпан, додавајќи дека може да има привремено одложување на набавката на вакцината, „но нема недостиг“.

Во меѓувреме, Германија регистрираше повеќе од 5.000 нови случаи на коронавирус, првпат од април.

Во последните 24 часа потврдени се 5.132 заразени и 43 починати

Поврзани содржини