Американската биотехнолошка компанија „Модерна” нема да бара итна авторизација за својата вакцина против Ковид-19 до претседателските избори – изјави директорот на „Модерна”, Стефан Бансел за „Фајненшл тајмс”.
– На 25 ноември ќе имаме доволно информации за итна авторизација, што потоа можеме да ја испратиме до Агенцијата за храна и лекови (ФДА), ако се претпопстави дека вакцината е безбедна – посочи Бансел.
Со тоа актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, нема да има готова вакцина пред изборите, што ќе се одржат на 3 ноември. Трамп досега тврдеше дека вакцина против коронавирусот ќе биде готова до изборите. Поддршката за Трамп се намалува поради неговото управување со епидемијата.
Вакцината на „Модерна” е една од 11 експериментални вакцини против Ковид-19, што е во финално испитување.