ВАКЦИНАТА ПРОТИВ ХПВ ШТИТИ ОД РАК НА МАТКАТА Ако се земе навреме го елиминира и до 90 отсто
ХПВ вирусите се причината за најголемиот број случаи на рак на матката кај девојките и други видови на рак кај младите луѓе. За среќа, имаме вакцина која добро штити од ХПВ, а ако биде земена во младите тинјџерски години кај девојчиња, па и кај момчињата, кога тие уште не се сексуално активни, ризикот ор рак може да се елиминира и до 90 отсто.
Вакцината за ХПВ, хуман папилома вирусот, ги намалува случаите на рак на грлото на матката кај жените за речиси 90 отсто, открива нова студија објавена во „Лансет“. Истражувањето вели дека програмата за ХПВ спречила околу 450 видови на рак и 17.200 претканцерогени состојби кај тинејџерки во Британија, а од 2019 година вакцината можат да ја примат и момчиња, пишува Би-Би-Си.
Програмата за вакцината била воведена за девојчиња во Англија во 2008 година. Тие ученички сега се возрасни во нивните дваесетти години. Било забележано намалување и на претканцерозните израстоци и намалување на ракот на грлото на матката до 87 отсто.
– Влијанието (на вакцинат) беше огромно – рече професорот Питер Сасиени, еден од истражувачите на Кралскиот колеџ во Лондон.
Вакцината да се прими пред да бидеме сексуално активни
Девојките во Велика Британија обично одат на тестирање за рак на матката на три до пет години, или барем на толкав период им препорачуваат докторите. Со новото откритие, тоа може да се смени. Редовната вакцинација на девојчиња од 11 до 13 години и на момчиња, по нивен избор, речиси целосно може да го елиминира ризикот од ракот.
Возраста е исто така битна. Кај тинејџерите кои се одлучиле да ја примат вакцината на постара возраст, откако станале сексуално активни, ефектот бил намален. Тоа има врска со фактот дека ХПВ се пренесува преку сексуален контакт, а ХПВ и неговите варијанти го причинуваат ракот или претканцерогениот израсток на матката.
ХПВ има над 100 варијанти и сите предизвикуваат рак
Колку варијанти има ХПВ вирусот? Познати се над 100 видови, а вакцината која се дава во Велика Британија штити од девет од нив. Вирусот прави промени во ДНК структурата на клетката што доведува до рак. А, тој може да влезе во секое ткиво: при вагинален, орален или анален секс, а дури може да предизвика и рак на главата, како и на брадавиците кај жените.
Ова не е последниот збор за вакцинацијата против ХПВ. Сè уште има прашања за тоа колку долго трае заштитата и дали треба да има засилувач за средината на животот. Затоа, професорот Сасиени вели дека резултатите од студијата „дефинитивно“ треба да се преиспитаат.
– (Ова) треба да биде повик за будење до креаторите на политиката, жените ќе го читаат ова и ќе мислат „зошто да одам на скрининг?“ Се надевам дека ќе се вратиме со нова програма за скрининг, два до три пати во животот и ќе продолжиме да ги прегледуваме жените кои не биле вакцинирани – вели тој.
Подобро да се спречи, одошто да се лечи
Се смета дека 99 отсто од случаите на рак на грлото на матката се предизвикани од ХПВ вируси. Тоа е причината зошто повеќе од 100 земји почнаа да ја користат вакцината како дел од плановите на Светската здравствена организација да се приближат до елиминирање на ракот на грлото на матката.
Д-р Ванеса Салиба, епидемиолог на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, рече дека наодите се „извонредни“ и дека покажале дека вакцината „спасува животи со драматично намалување на стапките на рак на грлото на матката кај жените“.
Мишел Мичел, извршен директор на „Cancer Research UK“, рече:
– Ова е историски момент да се види првата студија која покажува дека вакцината против ХПВ има и ќе продолжи да штити илјадници жени да не развијат рак на грлото на матката.