ВАКЦИНАТА НЕ МОЖЕ КОМПЛЕТНО ДА ЈА ИСКОРЕНИ ПАНДЕМИЈАТА Предупредување на Сумја Сваминатан од СЗО

Таа вели дека вакцинацијата е само едно од средствата во борбата со вирусот, но дека не е универзално решение.

580

Претставничката на Светската здравствена организација(СЗО), доктор Сумја Сваминатан, вели дека вакцинацијата не е доволна за да се стави крај на пандемијата на коронавирусот, повикувајќи на еднаква дистрибуција на средствата за имунизација во светот.

Таа вели дека вакцинацијата е само едно од средствата во борбата со вирусот, но дека не е универзално решение.






– Вакцините се многу ефикасни против заштита од тешкиот и комплициран тек на болеста, но не штитат сто проценти од инфекција – истакна Сваминатан.

Таа објасни дека, иако појавата на инфекција кај вакцинираните лица е сè уште ретка, вакцинацијата не значи дека човек не може да го пренесе вирусот на друго лице со поголем ризик.

Сваминатан истакна дека колку се повисоки стапките на пренесување на инфекцијата, толку е поголема опасноста од генерирање на нови видови, кои потоа се враќаат и повторно ги инфицираат луѓето, дури и ако се вакцинирани.

Таа посочи дека затоа постои силен научен аргумент за продолжување на примената на мерките против ковид-19, додека сите во светот не добијат заштита.

– Помалку од два отсто од луѓето на африканскиот континент се целосно вакцинирани, а нивните животи се далеку од нормални – рече Сваминатан.

Научничката посочи дека некои земји, како што се Канада, Кина, Данска и Португалија, имаат 75 или повеќе проценти од населението кое е целосно вакцинирано, а други земји, како Нигерија, Етиопија, Сирија и Авганистан, имаат помалку од пет проценти од вакцинираната популација.

 

Поврзани содржини