ВАКЦИНАТА НЕ ГИ ЗАШТИТИ Седум пензионери починале од колумбискиот сој во Белгија

Загрижувачки е што починале иако биле целосно вакцинирани. Научниците сè уште не знаат дали колумбиската варијанта се пренесува полесно од другите, вели Марк Ван Ранст, виролог на Универзитетот во Левен, кој ја анализирал варијантата на вирусот од тој дом.

4,289

Седуммина жители на пензионерски дом во Белгија починаа откако се заразиле со колумбиска варијанта на коронавирусот, и покрај тоа што биле целосно вакцинирани, рекоа денеска виролозите кои го анализирале вирусот.

Оваа варијанта на коронавирусот, B. 1.621, за прв пат се појавила во Колумбија и е потврдена последните недели во Соединетите држави, додека сè уште е ретка во Европа.






– Седум луѓе кои починале во пензионерскиот дом во белгискиот град Завентем, недалеку од Брисел, биле во осумдесеттите или деведесеттите години, а некои веќе биле во лоша здравствена состојба – рече Марк Ван Ранст, виролог на Универзитетот во Левен, кој ја анализирал варијантата на вирусот од тој дом.

Тој додава дека е загрижувачки што починале иако биле целосно вакцинирани.

Научниците сè уште не знаат дали колумбиската варијанта се пренесува полесно од другите, рече тој.

Во Белгија, таа варијанта учествува со помалку од 1 процент од познатите случаи на ковид-19, рече тој, во споредба со 2 проценти во САД и уште повеќе во Флорида.

Во Завентем, 21 жител на пензионерски дом и неколку вработени се заразиле. Вработените во домот имале само благи симптоми.

Ван Ранст вели дека во Белгија, доминантната варијанта на делта вирусот, која првпат се појави во Индија и е одговорна за 95 проценти од случаите на инфекција, е проследена со алфа или британската варијанта, којашто претходно доминираше.

Поврзани содржини