Вакцината на „Модерна“ не трпи ботокс и филери: Сите што ги зголемиле усните во САД имале отоци и воспаленија
Вакцината на компанијата „Модерна“ против коронавирусот предизвикува специфични несакани ефекти кај луѓето кои имаат ботокс или козметички филери за заштита на лице или зголемување на усните, објави Американската агенција за храна и лекови (ФДА).
Дерматологот Ширли Чи рече дека пациентите кои имале филери, вметнати за затегнување на лицето, отстранување на брчките и истакнување на некои делови од лицето, покажале воспаление и оток на тие места.
„Некои од пациентите кои покажаа реакција беа третирани со филери шест месеци пред да ја примат вакцината, а некои само два дена порано. На сите им беа дадени стероиди и антихистаминици и реакцијата помина“, рече Чи, како што пренесуваат американските медиуми.
Милиони луѓе ширум светот користат ботокс за корекција на несовршеностите на лицето или, за зголемување на усните. Чи вели дека тоа е имунолошка реакција кај тие пациенти.
„Кога ќе ја примите вакцината, имунолошкиот систем „се забрзува“ и така треба да биде. Затоа е логично да се покаже имунолошкиот одговор на места каде што има туѓо тело, кое не треба да го има во организмот “, рече Ширли Чи, додавајќи дека тоа не треба да значи дека луѓето кои имаат филери не треба да примаат вакцина, туку проблемите со реакцијата лесно се решаваат.