Вакцината на „Модерна“ е третата која ќе се користи во Велика Британија
Министерството за здравство соопшти дека вакцината ги исполнува регулаторните строги стандарди за сигурност, ефикасност и квалитет, пренесе „АП“.
Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус која ја разви компанијата „Модерна“, трета која добива дозвола за употреба во земјата.
Министерството за здравство соопшти дека вакцината ги исполнува регулаторните строги стандарди за сигурност, ефикасност и квалитет, пренесе „АП“.
Британија нарачала 10 милиони дози од вакцината, иако се очекува дека ќе бидат испорачани до пролет.
До сега Британија вакцинирала 1.5 милини луѓе со вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“. Англија е моментално под локдаун, а болниците се пренатрупани со пациенти додека медицинскиот персонал е под голем притисок.