Вакцината на „Модерна“ ќе чини до 60, а на „Фајзер“ и „БиоНТех“ 39 долари
Американската влада и обезбеди на „Модерна“ финансиска поддршка од речиси една милијарда американски долари за поддршка на напорите за истражување и развој за потенцијална вакцина против ковид-19.
Фармацевтската компанија „Модерна“ планира да ја продава стандардната доза на вакцина против коронавирус по цена од 50 до 60 американски долари, што е за околу 11 американски долари повеќе од цената на вакцините што ќе ги продаваат „Фајзер“ и „БиоНТех“, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.
Предложената цена на Модерна е повеќе од 39 американски долари за две дози, сума договорена меѓу „Фајзер“ и германскиот „БиоНТек“ и американската влада, пишува весникот, истакнувајќи дека „Модерна“ ја држи таа цена за САД и другите побогати земји.
Американската влада и обезбеди на „Модерна“ финансиска поддршка од речиси една милијарда американски долари за поддршка на напорите за истражување и развој за потенцијална вакцина против ковид-19.