Вакцината на Фајзер поефикасна одошто се мислело

1,054

Вакцината на Фајзер против коронавирусот е поефикасна од тоа што покажале претходните клинички испитувања. Ова е резултат од првата анализа на Израелците кои веќе примиле две дози.

Израелската здравствена служба Макаби објавила дека првата недела по целосната имунизација против коронавирусот е заразено само 0,015 отсто луѓе, односно 20 од 128.600 вакцинирани.






Водечкиот израелски имунолог Сирил Коен изјавил за израелските медиуми дека за една недела инфицирани се 0,65 отсто од попилацијата.

Коен проценува дека вакцината ја надминува ефикасноста која ја предвиделе клиничките изпитувања на Фајзер и дека резултатите се „возбудливи“ бидејќи ја потврдуваат претпоставката дека вакцината е високо ефикасна.

Тој сепак предупредил дека и покрај импресивните резултати, нема контролна група ни доволно податоци за вакцинираните луѓе.

Ниту еден од 20-те заразени не е на болничко лекување, ниту имал температура повисока од 38,5 степени, што би можело да укаже дека вакцината спречува сериозна болест, дури и кај инфицираните, вели аналитичарката Ека Зохар и додала дека не се знае колку тие би биле болни ако не ја примиле вакцината.

Поврзани содржини