Вакцината на „АстраЗенека“ во Словенија ќе се дава на лица на возраст од 18 до 64 години

Исто така, бидејќи во моментов нема податоци за ефикасноста на „АстраЗенека“ кај хронични пациенти, употребата на мРНА вакцини во моментов повеќе се препорачуваат за овие лица.

801

Во Словенија, вакцинирањето на населението со вакцината „АстраЗенека“ против ковид-19 ќе започне следната недела за прв пат, и одлучено е луѓето на возраст од 18 до 64 години да бидат вакцинирани со неа.

Советничката група за вакцинација при Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) препорачува „АстраЗенека“ да се користи кај луѓе на возраст меѓу 18 и 64 години. Нема доволно податоци за ефикасноста на вакцината за стари лица, се вели во извештајот објавен во петокот од словенечкиот НИЈЗ.






Од друга страна, словенечките здравствени експерти наведуваат во извештајот дека вакцинацијата со „АстраЗенека“ се препорачува за вакцинирање на неподвижни луѓе дома, без оглед на нивната возраст, бидејќи оваа вакцина, за разлика од мРНА вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, е постабилна и овозможува транспорт на веќе подготвена вакцина до местата за вакцинација.

Исто така, бидејќи во моментов нема податоци за ефикасноста на „АстраЗенека“ кај хронични пациенти, употребата на мРНА вакцини во моментов повеќе се препорачуваат за овие лица.

Приоритетна вакцинација со „АстраЗенека“ се препорачува за невакцинирани здравствени работници, едукативен персонал, учители и ученици во училиштата за лица со попреченост, како и за други служби за итни случаи кои се важни за функционирањето на државата.

Првата пратка од вакцината на „АстраЗенека“ во Словенија треба да пристигне во понеделник, а се очекува да содржи 9.600 дози, иако првично беа објавени 15.000, па вакцинацијата ќе започне во вторник.

Втората доза на „АстраЗенека“ треба, според препораките на словенечките имунолози, да се инјектира девет до 12 недели по првата вакцинација.

Поврзани содржини