Вакцината е на пат, но без специјални ладилници за транспорт не може да стаса

Вакцината на „Фајзер“ бара да се чува на минус 70 степени, објасни Рајан Стајс, заменик претседател на фармацевтската куќа „Сутер хелт“.

1,396

Вакцината на „Фајзер“ може да биде пресвртник во борбата против корона вирусот, но нејзиното чување и дистрибуцијата се посебни предизвици, пишува abc7news.

Агенцијата за храна и лекови на САД соопшти дека ако вакцината е безбедна и најмалку 50% ефикасна, може да биде одобрена. Во понеделникот „Фајзер“ објави дека вакцината е повеќе од 90% ефикасна во превенција на инфекцијата.






– Помошта доаѓа. Ако вакцината е повеќе од 90% ефикасна, што е извонредно, ќе игра голема улога во исходот од оваа ситуација – рече Антони Фаучи, главниот експерт за инфекции во САД.

Но, има нешто необично во врска со вакцината на „Фајзер“.

– Таа бара да се чува на минус 70 степени – објасни Рајан Стајс, заменик претседател на фармацевтската куќа „Сутер хелт“.

Тој вели дека вакцината од „Фајзер“ се испраќа на сув мраз, во мошне специфично спакуван контејнер, кој го развиваат веќе извесен период.

За да се чува и правилно да се дистрибуира вакцината Стајс од „Сутер хелт“ вели дека потрошиле 100.000 долари за 14 специјални ладилници, а некои од нив се преносни.

Овие единици се со големина на игло ладилник, можат да се движат со моќ на автомобил, со јачина од 12 волти, и да ја одржат вакцината на коректна температура така што таа ќе може да се транспортира до саканата дестинација.

Обидите на „Фајзер“ не се готови, потребни се уште време и податоци. Исто така сѐ уште не е јасно колку долго вакцината, која ќе бара две инјектирања, ќе обезбеди имунитет.

Поврзани содржини