🎥 „ВАКА УМРЕ МАРАДОНА“ Шокантен почеток на судењето за смртта на познатиот фудбалер
Обвинителот покажа фотографија од фудбалерот кој лежи со екстремно надуен стомак. Ќерката на Марадона, Џанина, си го покри лицето за да не ја види фотографијата.
„Вака умре Марадона. Секој што ќе ви каже, почитувани судии, дека не разбрале што се случува со Диего, ќе ве излаже во лице. Сите оние кои го виделе вака како лежи во креветот пред неколку дена, би излажале доколку тврделе дека не учествувале во убиство“.
Вака изјави обвинителот во почетниот говор на судењето за причините на смртта на познатиот фудбалер, покажувајќи фотографија од фудбалерот кој лежи со екстремно надуен стомак. Ќерката на Марадона, Џанина, си го покри лицето за да не ја види фотографијата.
Со сличен тон, обвинителот потоа додаде:
“Así murió Diego Maradona”
durante el juicio la querella mostró una foto del 10, que recorre el mundo, estaba hinchado pic.twitter.com/TBIL9y1hBH— 𝗔𝗡𝗚𝗘𝗟 fan (@AngeldeBrit_ok) March 11, 2025
– Вистината е правда. Денес Диего Армандо Марадона, неговите деца, неговото семејство и народот на Аргентина заслужуваат правда.
Седуммина здравствени работници се обвинети за убиство од небрежност во случајот.
– Тие доброволно ја презедоа оваа улога во домашна нега, не успевајќи да ги исполнат должностите на нивната позиција – рече обвинителот истакнувајќи дека Марадона не беше згрижен во болница туку дома.