ВАКА УМИРААТ ОКУПАТОРИТЕ Снимка од уривање на руски воен хеликоптер ВИДЕО

2,454
Украинската армија денеска прикажа снимка од „нов свој успех“ во борбата против руската инвазија, пренесе агенцијата Укринформ.

Украинското Министерство за одбрана на Твитер објави кратко видео на кое се гледа падот на наводно рускиот воен хеликоптер.

Хеликоптерот, според снимката, е во низок лет кога речиси од заседа е истрелан проектил кон него од украински систем за противвоздушна одбрана, што исклучително прецизно ја погодува целта.

Само неколку секунди подоцна, хеликоптерот паѓа на земја и доаѓа до голема експлозија, а „печурка“ од густ црн чад и оган надлетала над местото на несреќата.

„Вака умираат руските окупатори. Овој пат во хеликоптер”, пишува над видеото, чија автентичност се уште не е потврдена, наведува Гардијан.

 

 

Поврзани содржини