ВАКА СЕ ВОЗИ ЛЕТЕЧКИ МОТОР Јапонската бејзбол-ѕвезда се провозе пред публиката (ВИДЕО)

Кога бил пуштен на пазарот моторот лани во ноември чинел 77,7 милиони јени, или приближно 680.000 долари. Не е јасно дали Шинџо вистински го купил велосипедот или ова е дел од маркетиншка кампања, но знаеме дека само околу 200 вакви мотори биле направени во првата серија од моделот.

127

Нови вести од светот на летечките мотори! Бејзбол играчот од големата лига, Цујоши Шинџо, наречен „Големиот шеф“, неделава се врати во јапонскиот тим Хокаидо Нипон-Хам Фајтерс како нов менаџер и, за да се пофали, тој пред да почне натпреварот се провозе со хавербајк, пишува Футуризам.

 






Шинџо лебдеше над теренот придружен од светлечко шоу и гласна музика. На Твитер осамна снимката од летањето со моторот XTURISMO Limited Edition кој има повеќе ротори и црно тело.

Возилото е произведено во Јапонија од „ALI Technologies“, вели извештајот на EuroNews. Кога бил пуштен на пазарот моторот лани во ноември чинел 77,7 милиони јени, или приближно 680.000 долари. Не е јасно дали Шинџо вистински го купил велосипедот или ова е дел од маркетиншка кампања, но знаеме дека само околу 200 вакви мотори биле направени во првата серија од моделот.

Поврзани содржини