🎥 ВАКА СЕ ТРЕСЕШЕ ОХРИД Се појави снимка од моментот на земјотресот
Снимката е направена од приватна безбедносна камера и јасно го прикажува тресењето на центарот на градот, неколку секунди по земјотресот, точно во 4:34 часот.
Читател на Плусинфо утрово ни испрати ексклузивна видео-снимка од моментот кога земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер го погоди Охрид.
Снимката е направена од приватна безбедносна камера и јасно го прикажува тресењето на центарот на градот, неколку секунди по земјотресот, точно во 4:34 часот.
На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, се забележуваат вибрации на објектите и вознемиреност во околината – доказ за реалната сила на земјотресот, иако според сеизмолозите се работи за умерен потрес.
Инаку, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Охрид и на 66 километри од Елбасан во Република Албанија.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИД И ОКОЛИНАТА Засега нема информации за евентуални штети