ВАКА СЕ САКА ТАТКОВИНАТА! Премиерот Мицкоски ја пушти во употреба делницата Градско-Дреново

Кога бевме избрани за Влада имавме дилема дали да се однесуваме како нашите претходници или сето она за што се потрошени македонски пари да го завршиме и да го пуштиме во употреба и покрај сите недостатоци што ни ги оставија. Ние одлучивме да го сториме ова второто, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното свечено пуштање на употреба на делницата Градско-Дреново.

1,480

Не сум видовит, но некако како да изостана моментот кога членови на опозициските партии доаѓаат овде, се сликаат со делницата Градско-Дреново и го претставуваат проектот како свој проект. Јас ја користам оваа прилика да кажам дека оваа градба е за македонските граѓани и дека тие ќе ја користат. Граѓаните се тие кои ќе го користат сето ова, па сакам да им се заблагодарам на опозициските партии кои не успеаја за 7 години да го завршат овој проект и еве сега ние го сторивме тоа.

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното свечено пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново.






– Ќе продолжиме и понатаму да ги развиваме проектите. Ние сме земја која нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како нафта и гас, па тоа претставува некаков недостаток. Меѓутоа, тоа што го имаме, другите го немаат. А тоа е дека сме природна крстосница. Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков убав пат кој ги поврзува градовите Куманово и Крива Паланка, а сега го пуштаме и овој пат Градско-Дреново. За неколку дена од денеска ќе го пуштиме првиот дел од пругата кон Бугарија. И ова се првите три проекти кои ќе го одбележат почетокот на оваа година, кои многу лесно можат да бидат споменици на едно лошо време кое сега е зад нас. Кога бевме избрани за Влада имавме дилема дали да се однесуваме како нашите претходници или сето она за што се потрошени македонски пари да го завршиме и да го пуштиме во употреба и покрај сите недостатоци што ни ги оставија. Ние одлучивме да го сториме ова второто – изјави премиерот.

Нека ни е аирлија, вака се сака татковината, додаде Мицкоски.

– Продолжуваме и понатаму, договорени сме со ЈП „Државни патишта“ да продолжи проектирањето на делот кај Плетвар, кој треба да се прошири. Исто така продолжува изградбата на автопатот Прилеп-Битола, а бараме начин како да ја завршиме обиколницата кај Битола која годишно ја користат милиони возила. Продолжуваме и со Коридор 8 кај Гостивар и Кичево, а ќе има и поврзување на Кичево со Охрид. Очекувам дека отсечката од Врбјани до Охрид ќе биде пуштена на почетокот на оваа туристичка сезона. На тој начин се сака и се гради татковината. На тој начин ќе продолжиме да работиме. Нека ни е со среќа – порача премиерот Мицкоски.

Делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус 1 километар од делницата Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат.

Вредноста на проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.

Делот што се пушта во употреба содржи 3 клучки Градско, Росоман, Дреново, 4 вијадукти, 1 мост, 4 натпатници и 3 потпатници.

ОД СКОПЈЕ ДО ПРИЛЕП ЌЕ ПАТУВАМЕ ЗА 60, А ДО БИТОЛА ЗА 90 МИНУТИ На Плетвар ќе се гради трета лента

ОТСЕГА ЌЕ ПАТУВАМЕ БРЗО И БЕЗБЕДНО Коце Трајановски на свеченото пуштање во употреба на делницата Градско-Дреново

Поврзани содржини