ВАКА СЕ ПРЕСРЕТНУВААТ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП Велика Британија ги менува даноците за технолошките компании

Иако преговорите се уште се во тек, промените би можеле да влијаат на данокот на дигитални услуги (DST), кој во моментов го плаќаат технолошките гиганти како Мета и Амазон,

305

Велика Британија размислува да ги измени даноците за технолошките компании за да ги избегне американските царини кои стапуваат на сила на 2 април.

Британската министерка за финансии Рејчел Ривс навести дека даноците за големите технолошки компании може да се променат за да се избегнат новите американски царини.






-Треба да ја најдеме вистинската рамнотежа, а тие разговори се во тек во моментов. Сакаме напредок. Не сакаме британските извозници да бидат погодени со повисоки царини. Сакам да ја зачуваме слободната и отворена трговија – рече Ривс во интервју за Би-Би-Си.

Иако преговорите се уште се во тек, промените би можеле да влијаат на данокот на дигитални услуги (DST), кој во моментов го плаќаат технолошките гиганти како Мета и Амазон, пишува Euronews Business.

Данокот на дигитални услуги е 2% и носи околу 800 милиони фунти (957,3 милиони евра) годишно во Велика Британија.

Овој потег веќе беше остро критикуван од либералдемократите, кои ја обвинуваат британската влада дека ги намалува работните места во јавниот сектор и бенефициите за попреченост, додека нуди даночни олеснувања за големите технолошки компании. Наместо тоа, либералдемократите се залагаат за зголемување на DST на 6%.

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе воведе царини од 25% за клучните трговски партнери како Канада и Мексико, како и царина од 20% за Кина. Следниот бран американски царини се очекува на 2 април.

Трамп, исто така, воведе царина од 25% за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што исто така значително влијае на Велика Британија.

Поврзани содржини