ВАКА ОДМОРА ОРБАН НА БРАЧ Унгарски опозиционер објави фотографии од одморот

„ Не е ли тоа луксузната јахта „Лејди Мрд“ на Ласло Шиј, вредна повеќе милијарди долари? Да, така е. Дали веќе се префрлија на кралскиот брод на отворено море, на кој одмараше и Петер Шијарто?“, напиша опозиционерот петер Маѓар.

789

Унгарскиот премиер Виктор Орбан со години одмара на Брач, а тoa не остана незабележан  од  унгарскиот дисидент и најголем политички противник на актуелниот унгарски премиер, Петер Маѓар.

Тој  објави серија фотографии на кои Виктор Орбан е на летен одмор во Хрватска.






„Принцезата на пропагандата на милијардерската омраза, поранешната сопруга на Арпад Хабони, Фани Камински, и рускиот генерал на белото знаме Балаж Орбан, исто така се со него. Три милиони наши сонародници живеат под егзистенцијалниот минимум, додека стотици илјади деца немаат пристап до здрава храна, сопственикот на имотот Хатванпушта моментално е на турнеја по живописните јадрански острови по двонеделното луксузно патување во Индија“, напиша Маѓар.

Тој додаде:

„Унгарскиот премиер веќе денес е на јахта каде што се гости со остриги и француски шампањ. Лицемерие, лаги. Луксузен мафијашки шеф на нефункционална земја“,  напиша тој и објави фотографија на Орбан од јахтата на унгарскиот претприемач Ласло Шиј.

„ Не е ли тоа луксузната јахта „Лејди Мрд“ на Ласло Шиј, вредна повеќе милијарди долари? Да, така е. Дали веќе се префрлија на кралскиот брод на отворено море, на кој одмараше и Петер Шијарто?“, напиша Маѓар.

Поврзани содржини