Вака ли се гради соживот?
Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.
Вака ли се гради соживот?
Ова прашање универзитетскиот професор Јове Кекеновски им го поставува на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Димитар Ковачевски откако вчера пристигна албанскиот премиер Албин Курти во земјава, а како што забележува професорот, за време на посетата не се вееше македонското знаме и не се интонираше македонската химна.
Во продолжение ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Кекеновски во целост:
„ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ И ПРЕМИЕРЕ КОВАЧЕВСКИ ВАКА ЛИ СЕ ГРАДИ СОЖИВОТ?
Во Општина Чаир по кој знае кој пат се погази Република Македонија.
1. Не се вееше Македонското државно знаме,
2. Не се интонираше Македонската химна,
3. Не се почитува Законот за употреба на јазиците, а во врска со него и член 7 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти,
4. Не присуствуваше ниту еден македонски политичар,
5. Не беше обезбеден превод на македонски јазик за присутните новинари и пошироката јавност.
Претседателе и премиере, ќе одговорите ли јавно и гласно дали вака се гради соживот?
Ваша обврска е јавно да побарате одговорност од политичарите кои го организираа настанот за непочитување на законите.
Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.
П.С. Патем не е лошо да одговорите во која држава Чаир е општина ?
Фејсбук статус на авторот