Вака изгледале деновите на Робин Вилијамс пред самоубиството ВИДЕО

Во филмот се зборува и за неговото самоубиство, како и за наодите од аутопсијата која покажала дека актерот се борел со деменција. Неговите колеги со кои работел на последниот филм „Ноќ во музејот“ во филмот отворено зборуваат за промените кои ги забележале кај Робин за време на снимањето.

1,028

За легендарниот комедијант Робин Вилијамс, кој почина пред шест години, направен е документарен филм наречен „Robin’s Wish“. Како што објавија светските медиуми, овој филм ги истражува последните денови на актерот, односно ја прикажува неговата борба со невролошката болест.

На интернет веќе е објавен првиот трејлер за филмот, а во него може да видиме голем број интервјуа и коментари од самиот Вилијамс, како и интервјуа со неговите пријатели и блиски колеги.






Во филмот се зборува и за неговото самоубиство, како и за наодите од аутопсијата која покажала дека актерот се борел со деменција. Неговите колеги со кои работел на последниот филм „Ноќ во музејот“ во филмот отворено зборуваат за промените кои ги забележале кај Робин за време на снимањето.

Документарецот е во режина на Тејлор Норвуд, а за јавноста ќе биде достапен од 1 септември годинава.

Поврзани содржини