📽️ АКО СЕ ОВА ДРОНОВИТЕ, КАЈ СЕ БЛОГЕРИТЕ ДА ПОТВРДАТ? Руската војска тврди дека има докази за нападот во Валдај

Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) изразил сомнеж во автентичноста на снимките. Според Институтот, не се појавиле вообичаените аматерски видеа или снимки од локалните медиуми кои секогаш следат по вистински украински напади во внатрешноста на Русија.

791

Руската војска објави снимка на која, според Москва, се гледа дронот што наводно ја нападнал резиденцијата на Владимир Путин во Валдај. На снимката се појавува војник со покриено лице. Руското Министерство за одбрана тврди дека леталото носело 6 килограми експлозив.

Москва обвинила дека Украина лансирала 91 дрон кон резиденцијата на претседателот, лоцирана меѓу Москва и Санкт Петербург. Киев веднаш го негирал тоа и порача дека Кремљ се обидува да го оправда блокирањето на мировните разговори.

 






„Напад за внатрешна употреба“

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, оцени дека руските обвинувања се „намерно одвлекување на вниманието“.

„Москва сака да спречи вистински напредок на Украина и нејзините партнери кон мирот“, напишала Калас на платформата Икс, додавајќи дека никој не треба да ги прифаќа „неоснованите тврдења на агресор кој од почетокот на војната неселективно ја напаѓа украинската инфраструктура“.

Сомнежи за вистинитоста на инцидентот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди дека нападот ќе доведе до „зацврстување на руската позиција во преговорите“. Рускиот генерал Александар Романенков го нарекол инцидентот „внимателно испланиран терористички напад“.

Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) изразил сомнеж во автентичноста на снимките. Според Институтот, не се појавиле вообичаените аматерски видеа или снимки од локалните медиуми кои секогаш ги следат украинските напади во внатрешноста на Русија.

 

Поврзани содржини