Вака изгледа тајното љубовно гнездо на Бил Гејтс и неговата поранешна девојка, Мелинда знаела сѐ! ФОТО

2,895

Веста за разводот на Бил и Мелинда Гејтс го изненади целиот свет и наскоро многумина почнаа да се прашуваат која е вистинската причина.

По објавата дека најмоќната филантропска двојка Бил и Мелинда Гејтс се разведува по 27 години брак, јавноста повторно детално го анализира нивниот заеднички живот, така што се зборува и за бизарниот договор на Бил што го имал со неговата поранешна девојка Ен Винблад додека тој сè уште беше во брак со Мелинда.






Бракот на Гејтс се сметаше за хармоничен, а дури сега излегоа на виделина детали, од кои најбизарно е тоа што шефот на „Мајкрософт“ секоја година одел на годишен одмор со неговата поранешна девојка Ен Винблад, како и тоа дека тоа било „дел од договорот со неговата сопруга“.

Претприемачката Винблад беше во врска со Гејтс во осумдесеттите години, но иако раскинале пред 33 години, двајцата продолжиле да одржуваат контакт.

Мелинда и Бил Гејтс се запознаа кога Мелинда дошла да работи во тогаш сè уште новата компанија „Мајкрософт“. Љубовта не пламнала на прв поглед затоа што, според неговите зборови, во интервјуто кое го даде со неговата сега веќе поранешна сопруга по повод дваесет и пет години брак, Гејтс „бил во врска со Мајкрософт“, а Мелинда имала повеќе партнери во тој период.

И иако имаа огромно богатство, семејството Гејтс изгледаше крајно хармонично однадвор, таблоидите немаа што да пишуваат за нив, а нивните деца пораснаа скромно. Покрај тоа, родителите најавија дека секој од нив ќе добие само десет милиони долари од вкупното наследство.

Сепак, во тој навидум совршен живот, имало една личност која фрлала сенка врз животот на овој брачен пар, Ен Винблад.

Гејтс влегол во врска со Винблад, претприемачка и експертка за софтвер, во 1984 година. Двајцата се запознале на конференција за компјутери, кон кои и двајцата имаа голема страст. Некое време можеле да се слушаат само виртуелно, бидејќи живееле во различни градови.

Иако врската се чинело дека е страсна, и иако тие ја делеле љубовта кон технологијата и патувале низ светот, раскинале во 1987 година, истата година кога Бил ја запознал Мелинда Франч, која ќе стане сопруга на Гејтс во 1994 година.

Причините зошто врската на Винблад и Гејтс не била крунисана со брак остануваат нејасни, но тие имаат врска со целосната посветеност на Гејтс на работата во тоа време. „Мајкрософт“ се прошири и Гејтс ја ставил компанијата и нејзината благосостојба на врвот на нејзините приоритети.

Гејтс и неговата пријателка секоја пролет поминувале долги викенди во резиденцијата на плажа на островот Оутер Бенкс во Северна Каролина, уживајќи во голем број активности, вклучително и долгите прошетки по плажата.

„Можеме да се шегуваме додека разговараме за биотехнологијата“, рекол своевремено Бил за нивниот престој во осаменото, рајско скривалиште. Имотот се наоѓа на плажата во Корола, изграден е во 1982 година, а од 2016 година се користи за изнајмување.

Куќата за одмор на брегот „Замокот Свин“ цела е во ламперија и е опишана како „кралско одморалиште за љубителите на плажа“, а за еден од најбогатите луѓе во светот, е уредена мошне скромно.

Се состои од четири спални соби и две бањи и има пристап до приватната плажа. Цената за изнајмување за викенд, односно три ноќевања, е нешто повеќе од 2.700 долари, а првиот следен достапен датум може да се добие дури во втората недела од септември.

Централниот дел од куќата располага со пространа дневна соба, трпезарија и кујна, а има и две спални соби со брачен кревет и уште два кревети. Уште две спални соби се наоѓаат на највисоко ниво, како и поткровје со кревет и фантастичен поглед на океанот.

„Њујорк пост“ потсетува дека Бил Гејтс во 1997 година открил за „Тајм“ дека повеќе од десет години ги поминува викендите со Ен Винблад во бунгаловот на плажа.

„Тоа е идеална можност за повторно да се поврзам со старата пријателка“, рекол тој во тоа време.

„Ги споделуваме нашите размислувања за светот и за нас самите, се чудиме на тоа како, како двајца млади успешни луѓе, започнавме голема авантура на рабовите на малку познатата индустрија што нѐ донесе во центарот на неверојатниот универзум“, рекла Ен Винбалд во истото интервју.

Таа и Бил раскинале во 1987 година, бидејќи Винбалд е пет години постара од него и сакала да се смири. Но, поранешните партнери останале блиски пријатели, а Гејтс дури и побарал и нејзино одобрување кога дошло време да се омажи за Мелинда.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини